Холандски научници од Вагенингенскиот универзитет открија дека зеленчук и житни култури, одгледани на почва, слична со онаа на Марс, се погодни за исхрана на луѓето.
Одгледаните на таква почва ротквици, грашок, домати и ‘рж се сосема погодни за јадење. Во нив не е пронајдено опасно за човекот количество тешки метали. Концентрацијата на некои од нив дури е пониска отколку кај одгледаните во обични почви култури.
Обидите почнаа во 2013 година. Култури се засадени во почва обезбедена од НАСА, која е слична со онаа на Марс. Резултатите се многу ветувачки. Во нив се вклучени 10 различни растенија, вклучувајќи и кромид, спанаќ, рукола, крес, киноа и див лук.