Доминик Раб поднесе оставка од своите позиции во британската влада

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Доминик Раб поднесе оставка од функцијата министер за правда и вицепремиер на британската влада поради истрага за наводите за малтретирање.

Премиерот Риши Сунак започна истрага за бројни поплаки за однесувањето на Раб.

Во писмото до Сунак, Раб изјавил дека ќе поднесе оставка доколку „истрагата утврди какви било факти дека малтретирал некого“.

Тој напиша и дека „истрагата ги отфрлила сите тврдења против него освен две“.

Раб истакна дека преостанатите две обвиненија се „погрешни“ и дека „тие можат да направат опасен преседан за однесување на добра влада“.

Извештајот од истрагата што ја води адвокатот Адам Толи допрва треба да биде објавен.

Слични содржини