Ви го претставуваме чудниот дом, кој пред неколку дена беше награден со наградата “Куќа на годината” во Велика Британија.
Тој чини околу 2 милиони британски фунти и повеќе личи на џиновски камени скали кон никаде.
Куќата е во сопственост на банкарскиот магнат лорд Ротшилд, кој ја порачал за него и неговото семејство. Таа се крева од земјата и се спојува со небото. Дизајнерите ја опишуваат како “чудо на геолошката еволуција и градежништвото”.
Имотот е дизајниран од архитектите од студиото “Skene Catling De La Pena” и се наоѓа во регионот на Бекингамшир, Англија.
И покрај футуристичкиот изглед, некои простории на куќата се опремени со класичен мебел.
На имотот има главна зграда плус пристројка, а вкупната површина е околу 570 квадратни метри. Тој може да се пофали и со интересни терасовидни тревници, вградени во самиот покрив, кој пак има многу вдлабнатини.
Според архитектите модернистичкиот екстериер на зградата е убав прилог на околниот пејзаж, кој исто така беше голем плус при пласманот како прв во натпреварот.
Видете фотографии на куќата во галеријата.