Актерката Дакота Џонсон сама се стекна со светска слава, но најпрво се прослави уште како дете – како ќерка на Дон Џонсон и Мелани Грифит.
Иако е ќерка на познати и многу богати родители, Дакота не секогаш имала финансиска поддршка. Актерот Дон Џонсон имал правило да ги финансира сите деца се додека исполнуваат еден услов. Дакота се оглушила како тинејџерка, кога и останала без џепарлак.
„Во нашето семејство, правилото е дека сте на платен список додека сте на училиште. Ако одите на колеџ, добивате плата“, рече Дон во шоуто Late Night.
„Кон крајот на средното училиште, ја прашав Дакота дали сака да размислиме и да посетиме некои колеџи. Ми рече дека не сака, бидејќи не мисли да оди на колеџ“, се присетува актерот, кој потоа ја потсетил својата ќерка на семејното правило:
„Добро, дали знаеш што значи тоа? Веќе не си на платен список“, рекол Дон, а Дакота кратко одговорила: „Не грижи се за тоа“.
Три недели по тој разговор, Дакота доби улога во филмот „Социјална мрежа“.
Дон вели дека Дакота никогаш не го ни прашува за стручен совет, а тој е повеќе од горд на неа.