Дон Јуп: Роналдо има среќа, знае да даде гол со колено, стомак и што уште не…

од Vladimir Zorba

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес направи љубопитен коментар за претставувањето на Кристијано Роналдо и победата на Реал Мадрид со 3:1 над ПСЖ во средата.

„Дали овој натпревар покажа дека Кристијано е подобар од Нејмар? За мене овие коментари се малку површни. Обично експертите зборуваат за победниците по натпреварите“, започна Хајнкес.

„Но моето мислење е различно. ПСЖ играше добро во текот на 83 минути. Со многу добар тактички план, тие беа подобриот тим. Сепак, не успеаја да продолжат со добрите перформанси во преостанатите десетина минути“.

„Се разбира дека Роналдо има исклучителни квалитети. Понекогаш тој е среќен и постигнува гол со колено, стомак или со што ќе најде“.

„Тоа беше победа на волјата, но не е нешто ново за навивачите на „Бернабеу“. Тие секогаш веруваат во успехот и токму тоа се случи. ПСЖ беше казнет за недостаток на искуство и недостигот на традиција во турнирот. Реал го има и тоа беше разликата на крајот“, додаде Дон Јуп.

Слични содржини