Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека тој и неговата сопруга Меланија ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско во Рим.
„Меланија и јас ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско. Чест ни е што сме таму“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи „Truth Social“.
Тој претходно изјави дека не е сигурен дали ќе присуствува на погребот на папата Франциско, за кого рече дека е „многу добар човек“.
„Сè уште не знам. Веднаш ќе бидете известени“, им рекол Трамп на новинарите во Белата куќа, пренесе Си-Ен-Ен.
Запрашан дали би сакал да присуствува на погребот на папата Франциско, Трамп рече дека „мора да го разгледа“ неговиот распоред.
Американскиот претседател нареди знамињата во САД да бидат спуштени на половина копје во чест на смртта на папата, пренесува Танјуг.