На американскиот милијардер Доналд Трамп не му се допаѓа она што се случува во Украина, но смета дека тоа во многу поголема мера е проблем на Европа, отколку на САД. Тоа го вели кандидатот за претседател на САД во интервју за телевизијата NBC.Освен тоа тој е категоричен дека не му се допаѓа тоа што САД “застанува против Русија поради Украина, додека Германија си седи мирно и добива гориво од Русија”.
Трамп вели дека токму Европејците треба да играат водечката улога при решавањето на конфликтот во Украина.
По тој повод Трамп гледа “одредена загриженост за НАТО”. “Ние сме на челна позиција во играта во Украина”. Но, каде е Германија, која е многу моќна во економска смисла , каде се другите? Зошто тие не се на челни позиции? “, Праша Трамп.
Според последните истражувања, во моментов Доналд Трамп добива најголема поддршка за претседателската функција.
