Доналд Трамп од Г20 Самитот, замина да игра голф и да објавува постови на твитер

369 прегледи

На овогодинешното отворање на Г20 самитот што викендов се оддржува во Ријад, Саудиска Арабија, учествуваше и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Имено, тој добар дел од денот, како што јавуваат го минал играјќи Голф и праќање на твитови, објави синоќа Си-Ен-Ен.

„Ова беше соодветен крај за неговата кариера во глобален мултилатерализам“, вели иронично телевизијата.

Инаку самитот започна вчера изутрина, а Трамп беше дел од десеттиците лидери кои се појавија на видео-конференцијата од Самитот кој се пренесуваше онлајн поради Светската пандемија од Ковид 19.

Но, како што велат од таму, по 15тина минути, претседателот почна да твитнува постови врзани за непризнавањето на изборите, а само 2 часа подоцна заминал да игра голф во клубот лоциран најблиску до Белата куќа, односно во северниот дел на Вирџинија.

Слични содржини