Бегалско – мигрантската криза ќе биде клучна точка на агендата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој е во мини турнеа на регионот. Од денеска тој е во Скопје , а на агендата се и Љубљана, Загреб, Атина, Анкара и вчера Виена.
Доналд Туск, претседателот на ЕУ, денеска попладне во Скопје ќе се сретне со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.а тема е исклучиво проблемите со бегалската криза.
Виена беше прва станица од четиридневната турнеја на Туск по балканската маршрута на мигрантите. Европа треба да се врати кон политиката на отворени граници :
„Денеска отвораме нова страница во борбата со миграциската криза и таа се нарекува Враќање на Шенгенот“, истакна Туск по средбата со австрискиот канцелар Вернер Фајман.
„Должни сме заедно да понесеме хуманитарни последици од нашата одлука“, рече Туск и апелираше да се поддржи Грција поради блокираните мигранти, кои веќе не можат да патуваат по балканската маршрута.
Ова ќе биде шеста средба на Иванов со Туск на тема бегалска криза.
