Донарума одлучил каде ќе ја продолжи кариерата

од Vladimir Zorba

ФАБРИЦИО РОМАНО објави дека Џанлуиџи Донарума (22) наскоро ќе потпише за ПСЖ.

Францускиот вицешампион ќе го доведе поранешниот голман на Милан, чиј договор ќе заврши на крајот на јуни. Веќе се договорени лекарски прегледи во таборот на италијанската репрезентација, со кои младиот голман ќе се подготвува за Европското првенство.

Донарума ќе заработува 12 милиони евра по сезона. Тој се занимава со професионален фудбал од својата 16-та година и е прв голман на Милан оттогаш, бранејќи 251 пати, од кои 215 во Серија А. Менаџерот на играчот Мино Раиола ќе добие 20 милиони евра во оваа зделка веднаш штом Донарума потпише за ПСЖ.

Јувентус исто така беше во трка за него, сепак, во Торино решија да продолжат да му веруваат на Полјакот Војчех Шчесни.

Слични содржини