Донации кои живот значат – Mozzart продолжува со хуманитарните акции

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Од донации во здравството до поддршка во спортот… Компанија Mozzart во претходниот период организираше низа од нови хуманитарни проекти, а воедно продолжи и со оние редовни акции, како што е кампањата „Нови дресови за нови шампиони“. Оваа општествено одговорна компанија помогна и на фудбалскиот клуб Вардар со милион денари во тежок момент, но акцент за време на епидемијата од коронавирусот е помошта на болниците и здравството.

На Универзитетската клиника за детски болести во Скопје е врачен нов автомобил со кој значително се олесни работата на здравствените работници во оваа установа.

„Компанија Mozzart уште еднаш покажа дека е пријател на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Навистина се израдувавме кога добивме информација дека ќе пристигне донација автомобил, со кој што ќе можеме ние вработените пред сè, да вршиме конзилијарни прегледи и возилото ќе ни биде од огромна помош. Како што знаете, во оваа пандемија, децата заболени од коронавирусот одат во Институтот за белодробни заболувања, а ќе треба и наша дополнителна консултација, каде што е потребно одредени деца да се одвезат до други установи, па тоа ќе биде направено со ова возило. Голема благодарност до компанија Mozzart, која повторно прави донација во нашата клиника, а досега за време на пандемијата донираа прочистувачи на воздух и лаптопи наменети за децата од хемато-онколошкото одделение.“ – изјави директорката на Клиниката, Д-р. Аспазија Софијанова.

Mozzart потоа донираше медицински инвентар со кој ЈЗУ Здравствениот дом Тетово ги опреми просториите за имунизација против коронавирусот, како и дел од просториите за итна медицинска помош.

„Во името на Здравствениот дом Тетово, сакам да изразам благодарност до компанија Mozzart за донацијата на медицински инвентар за потребите на службите за имунизација и итната медицинска помош во здравствениот дом Тетово. Во време на пандемија секоја помош е добредојдена бидејќи сите капацитети на здравствените институции во својот домен на работа се ставени во функција на давање здравствени услуги за помош и превенција од ковид 19, а воедно непречено се продолжува со тековните активности за примарна здравствена заштита на граѓаните.“ – изјави директорот на Здравствениот дом Тетово, Борислав Јоргаќиевски.

И во период на најголема криза, компанија Mozzart се трудеше да понуди поддршка и во спортот, па се придружи кон акцијата на Комитите за спас на ФК Вардар. Секој тикет на кој се наоѓаше натпреварот на црвено-црните го зголемуваше фондот за помош на славниот клуб. Беа донирани дури милион денари!

„Навистина сме пресреќни за оваа донација од 1.000.000 денари која ја реализираше компанија Mozzart, а во која придонесоа и играчите од уплатните места. Голема благодарност и до нашите навивачи кои ја иницираа акцијата за спас на Вардар, како и на компанијата Mozzart која им се приклучи. Оваа помош ни е од огромно значење, ние продолжуваме да играме за нашиот клуб со безрезервна поддршка од нашите фанови.“ – изјави капитенот на ФК Вардар, Дејан Блажевски.

Слични содржини