Дончиќ: Минесота нема да се предаде, Ирвинг е роден за овие натпревари

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ изјави дека на неговиот тим му е потребна само уште една победа против Минесота за да се пласира во финалето на НБА.

Кошаркарите на Далас поведоа со 3:0 против Минесота во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА, откако на домашен терен победија со 116:107. Американските медиуми потсетуваат дека ниту една екипа во историјата на НБА плеј-офот не испуштила водство од 3:0.

„Не знам што да кажам, но се чувствувам одлично. Мора да размислуваме за следниот натпревар, мора да играме со истиот менталитет. Нема да се откажат. Ни треба само уште една победа, само уште една. Имаат одличен тим и се уште ништо не е готово. Мора да оствариме уште една победа“, изјави Дончиќ на прес-конференцијата.

Минесота постигна само 20 поени во последната четвртина.

„Се задржавме на нашиот план за игра, сите придонесоа. Пи Џеј Вашингтон постигна важна тројка. Немам што да кажам, сите беа одлични“, додаде кошаркарот на Далас.

Дончиќ го пофали Кајри Ирвинг кој на мечот против Минесота постигна 33 поени.

„Тој е роден за овие ситуации. Ирвинг е роден да ги „спојува“ ситуациите под притисок. Неверојатно е да го имаме во нашиот тим. Од него учам секој ден, тој е секогаш позитивна енергија. Тој донесе смиреност и зрелост во нашиот тим“, изјави Дончиќ.

Четвртиот натпревар ќе се игра за два дена во Далас.

Слични содржини