Допирал млада патничка во автобус и се самозадоволувал

од Nikola Popovski
172 прегледи

Млада девојка од Скопје била жртва на сексуално вознемирување, соопштија од СВР Скопје.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден, 19-годишна скопјанка пријавила дека околу 13.20 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар едно машко лице ја допирало по телото, а потоа се самозадоволувало.

-Се работи на расчистување на случајот, додаваат од СВР Скопје.

Слични содржини