Дополнително влошување во германската индустрија за градење станови

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Расположението во германската индустрија за градење станови дополнително се влоши во јули, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.

Како што се наведува, уделот на компаниите во германската станбена изградба кои се жалат на недостиг на нарачки во јули е зголемен од јунските 50,2 на 51,3 проценти.

Овој резултат се одразува и во прогнозите за бројот на новоизградени станбени згради.

Владата во Берлин планира да гради 400.000 станбени единици годишно, но сегашната ситуација покажува дека оваа цел е многу далеку, рече шефот на истражувањето на IFO, Клаус Волрабе.

Стапката на откажување на нарачки во германската изградба на станови падна во јули од 13,7 отсто во јуни на 12,4 отсто, но и покрај тоа, деловната клима генерално се влоши.
„Останува да се види дали планираното намалување на бирократијата за изградба на станови може да донесе пресврт“, додава Ворабе.

Во Европа годинава ќе заврши изградбата на 1,6 милиони станови, за 8,5 отсто помалку од лани, покажува претходно објавената августовска прогноза на мрежата Еуроконструкт, чија членка е Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.

„Европската станбена изградба страда поради повисоките каматни стапки и помалата куповна моќ“, коментира експертот за градежништво на IFO, Лудвиг Дорфмајстер.

Во Германија годинава ќе бидат завршени 15 отсто помалку станови отколку во 2023 година, а Дорфмајстер додава дека изградбата на станови во Германија дополнително е оптоварена со екстремно високи трошоци за изградба.

Слични содржини