Во МВР е отворена оперативна постапка на којашто работиме интензивно веќе неколку недели во врска со начинот на којшто се издавале лични карти од страна на МВР. Веднаш најдовме скандалозни неправилности , вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Утрински весник.

spasovski-oliver-2 (1)

 Ова извади на површина скандалозна потврда дека се брутално злоупотребувани идентитети на граѓани и уште поскандалозно дека институции учествувале во тие злоупотреби и издавале незаконски лични карти.

Само институции на државата ги имаат личните податоци на граѓаните. Една од тие институции што правела такви злоупотреби е МВРО на Никола Груевски и Гордана Јанкулоска.

Документите од оперативната постапката што ја отвори МВР околу начинот на издавање лични карти, што посочуваат токму на вакви злоупотреби, се доставени до Специјалното јавното обвинителство.
Се’ ќе открие истрагата што се води. Внимателно ги следам шпекулациите и манипулациите со коишто се полнат вестите на медиумите под контрола на власта. Дел од овие медиуми објавуваат цели конструкции и тоа различни медиуми одат со потполно исти формулации на реченици, што значи дека потекнуваат од еден центар, со свои политички цели. А при тоа, официјалните информации од МВР не ги пренесуваат. Но, да почекаме, кој, кому, што подметнува, истрагата се’ ќе разоткрие, а сите инволвирани во скандалот ќе ја понесат својата одговорност, вели Спасовски во интервјуто за Утрински весник.

повеќе тука

Слични содржини