Дортмунд бараат купувач за недисциплираниот Емре Џан

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Шефовите на Борусија (Дортмунд) бараат купувач за играчот од средниот ред Емре Џан. Од „Сигнал Идуна Парк“ се подготвени да преговараат за продажба на 28-годишниот играч од средниот ред со сите заинтересирани за него. Причина за ова е лошата дисциплина на играчот, тврди „Билд“.

За Џан се вели дека е доста гласен во соблекувалната, покажува огромна самодоверба и често влегува во расправии со соиграчите, нарушувајќи ја хармонијата во клубот. На тренерот Един Терзиќ му здодеаа халфот, но всушност проблемот не е во тренерот, бидејќи се појавија информации дека Џан немал почит и ги прекинувал инструкциите и на претходниот тренер Марко Росе.

Нескротливото однесување на Кан го забележа и спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел, кој даде „зелено светло“ за евентуална продажба на овој играч. Засега клубот сè уште нема добиено понуди за него, но од „Вестфален“ се подготвени да ја слушнат секоја понуда и најверојатно ќе го продадат играчот за помалку од неговата пазарна цена, која е околу 15 милиони евра. Германскиот интернационалец има договор со клубот до 2024 година.

Џан беше донесен во Борусија во 2020 година од Јувентус за 25 милиони евра. Досега за клубот има 89 настапи, 9 голови и 7 асистенции.