Дортмунд инсистира: Ja планираме следната сезона со Ерлинг во составот

од Stefanija Kuzmanovska

Раководството на Борусија (Дортмунд) планира следната сезона да го задржи голгетерот Ерлинг Халанд и покрај непрекинатиот интерес од големите тимови во Европа.

Оваа кампања 20-годишниот Норвежанец има 33 гола на 34 натпревари на сите турнири. Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона веќе навестија дека ќе се обидат да го привлечат играчот.

„Имаме јасен план да ја започнеме следната сезона со Ерлинг во нашиот состав“, изјави за АРД спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк.

Договорот на Халанд со Дортмунд е до 2024 година.

Слични содржини