Досега 43.335 пријавени граѓани за вакцинацијата против Ковид 19

248 прегледи

Досега 43.335 граѓани се регистрирале во онлајн пријавата за вакцинацијата против Ковид 19, додека преку матичните лекари се пријавени 13.551, велат од Министерството за здравство за МИА.

Системот инаку, за потсетување ќе ги генерира граѓаните по приоритет. А покрај системот, граѓаните познато е дека можат да се пријават за вакцинација преку „Мој термин“, односно преку матичните лекари.

За потсетување, утринава во земјава пристигна и првата пратка вакцини против Ковид-19. Станува збор за вакцини на компанијата „Фајзер“ кои се донација од Србија. Првите 4.680 од предвидените 8.000 вакцини на „Фајзер“ денеска на граничниот премин Табановце на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Слични содржини