Досега над 2.000 граѓани ја поддржаа уставната иницијатива на Ајде!

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Иницијативата на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, за оспорување на уставноста на законите според кои хонорарците се обврзуваат да плаќаат придонеси, за само четири дена, ја поддржаа над 2.000 граѓани.

Најголемиот дел од потписите – 900 е собран на пунктовите поставени низ градовите во државата, околу 700 потписи се собрани на пунктот пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а над 400 потписи се собрани преку пунктовите во различни еснафски и други организации.

Акцијата за собирање потписи од граѓаните ќе трае до 6 април. За време на викендот, од 11 до 17 часот, ќе биде поставен пункт кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје. Во случај на дожд, пунктот ќе биде повлечен.

Иницијативата е подготвена во консултативен процес со граѓанските и еснафските здруженија и со неа се бара Уставниот суд да донесе времена мерка за стопирање на примената на законите, одржување јавна расправа во Судот и конечно, поништување на спорните закони.

Иницијативата на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, за оспорување на уставноста на законите според кои хонорарците се обврзуваат да плаќаат придонеси, за само четири дена, ја поддржаа над 2.000 граѓани.

Најголемиот дел од потписите – 900 е собран на пунктовите поставени низ градовите во државата, околу 700 потписи се собрани на пунктот пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а над 400 потписи се собрани преку пунктовите во различни еснафски и други организации.

Акцијата за собирање потписи од граѓаните ќе трае до 6 април. За време на викендот, од 11 до 17 часот, ќе биде поставен пункт кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје. Во случај на дожд, пунктот ќе биде повлечен.

Иницијативата е подготвена во консултативен процес со граѓанските и еснафските здруженија и со неа се бара Уставниот суд да донесе времена мерка за стопирање на примената на законите, одржување јавна расправа во Судот и конечно, поништување на спорните закони./+Инфо