Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, честопати сака да ја потсетува јавноста на периодот кога бил дете, а фотографиите и снимките од тој период се хит кај неговите фанови.
Тој пред неколку дена ги освои Ролан Гарос и својата 19-та Грен слем титула во кариерата.
Ноле беше предодреден да биде најдобар уште од рана возраст, а неговата фотографија од детството, објавена на еден профил на Инстаграм пред неколку дена, ги разнежи неговите верни обожаватели ширум светот.
Омилена играчка му беше рекетот што го купил татко му. Toј почнал да тренира тенис на тригодишна возраст, а на четири години веќе бил во тениски камп во Нови Сад.
Веќе на дванаесет години, отишол сам на академија во близина на Минхен.
И така по ред, од година во година, тој вежбал сè понапорно и напорно тренирал.