226
Заклучно со 27.09.21, до 20:00 часот избројани се 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови, информираа денеска од ДЗС.
Од таму додаваат дека сите кои не се попишале од било кои причини можат да се попишат во својата општина или во канцелариите на Државниот завод за статистика.
-Бројот на попишани во последните денови расте! Лицата се попишуваат во своите домови и во седиштата на комисиите, потенцираат од ДЗС.
Пописот почна на 5 септември и наместо вообичаените 20 дена, статистичката операција беше одлучено да трае уште пет поради ковид пандемијата.
Најдоцна до утре ќе се процени дали ќе се побара продолжување на пописот.