237
Државниот завод за статистика утрово информираше дека заклучно до 20 часот синоќа, вкупно се попишани 800 008 лица.
-Исто така попишани се 249.500 домаќинства и 336.109 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица, стои во соопштението на ДЗС.
Директорот на ДЗС Апостол Симовски вчера информираше дека текот на пописот е во рамките на она што го очекувавале, па дури и со темпо кое што мислат дека е подобро од очекуваното.
-Дневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица, за викенд е нешто подобро и очекуваме следниот викенд да биде уште подобро, изјави Симовски.
Пописот ќе трае до 30 септември.