Досега се убиени 21.600 руски војници, тврди Киев

од Nikola Popovski
295 прегледи

Украинската армија во саботата објави дека од почетокот на рускиот напад врз Украина се убиени околу 21.600 руски војници.

Украинскиот Генералштаб објави податоци за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 23 април.

Од таму изјавија дека во тој период биле уништени 177 авиони, 154 хеликоптери и 854 руски тенкови, јавува агенцијата Анаодолу (AA).

Генералштабот соопшти дека се уништени 2.205 оклопни возила, 403 топови, 143 ракетни системи и 182 беспилотни летала.

Војната меѓу Русија и Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.

Најмалку 2.435 цивили се убиени, а 2.946 се ранети во Украина од почетокот на војната, според проценките на Обединетите нации, а реалните бројки се многу поголеми.

Повеќе од пет милиони Украинци побегнаа во други земји, а повеќе од седум милиони се внатрешно раселени, соопшти агенцијата за бегалци на ОН.

Слични содржини