Досега вакцинирани 107 здравствени работници во Модуларната болница на Клиничкиот центар

288 прегледи

Од Министерството за здравство информираа дека досега се вакцинирани 107 здравствени работници од Клиниката за инфективни болести против Ковид 19, со фазјеровите вакцини кои пристигнаа од соседна Србија, пренесе МИА.

Денес инаку стартуваше вакцинацијата со првата група, односно здравствените работници во рамки на Модуларната болница на Клиничкиот центар. По нив, како што информираше, министерот, Венко Филипче, ќе се вакцинираат здравствените работници од ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања и Интерните клиники.

„Засега планот е вакцинацијата да се одвива тука во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава“, посочи министерот, Филипче.

Пунктот во модуларната болница, каде има шест вакцинални позиции работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје.

Слични содржини