Досието за пирамидата на Камчев има десетици илјади страници: Обвинителството не може да доброи колку фирми и трансфери со црни пари имал

од Берта Китинска
347 прегледи

Целото досие за пирамидата на Камчев има десетици илјади страници и неопходно е време сите да се проверат и истражат, пишува Слободен печат.

Целиот процес го отежнуваат големиот број трансакции, многуте фирми кои Камчев ги има низ странски држави, пред се оние во офшор дестинациите. Оттаму, никој не знае уште колку ќе трае вештачењето на доказниот материјал со оглед на неговата обемност.

Јавното обвинителство во чија надлежност е сега предметот, после вештачењето се очекува да покрене обвинителен акт.

Слични содржини