363
Иницијативата „Кој е следен?” на социјалните мрежи најавува протестен „марш за одговорност и безбедност“, по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Маршот под мотото „Доста бевме ние, системот е следен“, ќе се одржи во понеделник, на 24 март, и ќе тргне од Плоштадот „Македонија“ во Скопје, велат организаторите.
„До недела ќе молчиме. Но, од понеделник, тишината завршува. Од понеделник, се гледаме на улиците – гласни, бескомпромисни и обединети. За да нема заборав и да нема повеќе загубени животи поради небезбедност и неодговорност!”, велат од Инцијативата.