Променливо облачно и доста студено со повремен слаб снег, особено во западните делови каде повремено снегот ќе биде поинтензивен. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.
Во Скопје: Променливо облачно со повремен слаб снег и со умерен до повремено засилен северен ветер, поизразен на повискоите места. Дневната температура ќе достигне до 2 степени.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:
62 Маврови Анови, 46 Лазарополе, 35 Крушево, 7 Пожаране 4 Тополчани и 2 Прилеп.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2):
8 Маврово, 5 Битола, 4 Крушево, 2 во Охрид, Виница, Лазарополе и 1 Берово, Кр. Паланка и Претор..
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:
-10 Маврово, Крушево, -9 Лазарополе, -6 Кр. Паланка, Пожаране, -5 Берово, -4 Охрид, Претор, Прилеп, Битола, -3 Дебар, Куманово, -2 Виница, -1 Скопје, Штип, Тетово, 0 Струмица, Кавадарци, Дојран, Д. Капија, 2 Гевгелија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА:
Насекаде е облачно, врнежи од снег има на повеќе места во западните делови од земјата, а снег врне и во Пелагонија утрово. Дува слаб, а во Прилеп, Штип и на повисоките места од Скопската котлина до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
До среда ќе ќе продолжи да дува умерен, во текот на денот повремено до засилен северен ветер. Во текот на претпладнето на утрешниот ден снег само ќе провејува во запдните делови од земјата. Потоа следи период на стабилно, студено и суво време. Во текот на неделата утринските температури ќе се задржат ниски и насекаде негативни. Дневните температури од среда благо ќе растат и веќе од четврток ќе имаме насекаде позитивни дневни температури.
