“Достоинство” кај Спасовски: 12 семејства на загинати бранители да бидат обештетени

од desk3
85 прегледи

IMG_9134

Денеска во Министертвото за внатрешни работи министерот Оливер Спасовски прими делегација составена од претставници на „Достоинство“ и родители на загинатите бранители во настаните во 2001 година.

IMG_9133

Од страна на претседателот на „Достоинство“, генералот Стојанче Ангелов, министерот Спасовски беше детално информиран за постапките за обештетување што се воделе од страна на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди, при што беше истакнато дека за 12 семејства на загинатите бранители од МВР за сите овие години од страна на државата не постоел слух да им се излезе во пресрет, односно да бидат обештетени.

IMG_9137

Министерот Спасовски истакна дека се работи за голема неправда кон овие семејства, кои освен што доживеаа голема семејна загуба, мораа да се соочат и со исцрпувачка правна битка со МВР. Министерот Спасовски изрази подготвеност максимално да се заложи, како човек и како министер, оваа неправда да биде исправена.

Интегрален текст