Доведен во прашање извозот на е-автомобили од ЕУ во Британија вреден 30 милијарди фунти

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Извозот на електрични автомобили од Европската унија во Велика Британија, во вредност од 30 милијарди евра годишно, ќе биде загрозен доколку не се промени трговскиот договор за „Брегзит“.

Трите најголеми светски производители на автомобили ја повикаа британската влада да отвори преговори за нови правила кои ќе воведат десет отсто царини за извозот во ЕУ доколку 45 отсто од вредноста на електричното возило не е од ЕУ или Велика Британија, пренесе SEEbiz.

Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) соопшти дека сегашните правила ќе значат повеќе од три милијарди евра дополнителни трошоци за индустријата на ЕУ.

Извозот на електрични возила на членките на ACEA во Велика Британија се проценува на околу 4,3 милијарди евра минатата година.

„Очекуваме вкупната продажба да биде околу 25 до 30 милијарди евра до 2026 година“, рече директорот за меѓународна трговија на ACEA, Џонатан О’Риордан.

Тарифата од десет проценти би ги зголемила трошоците на три милијарди евра, кои би биле префрлени на потрошувачите и би биле апсорбирани од индустријата. Тоа би значело дека електричните возила увезени од ЕУ, кои многумина веќе ги сметаат за претерано скапи, ќе чинат уште повеќе следната година. ЕУ воведе правило за потекло за да ја поттикне трговијата со електрични автомобили.

Минатиот месец британскиот автомобилски гигант Stellantis, кој е одговорен за 14 брендови, вклучувајќи ги Vauxhall и Jeep, предупреди дека можеби ќе мора да ги затвори своите операции во Обединетото Кралство поради губење на неколку илјади работни места доколку новото правило за потекло стапи на сила во јануари.

Слични содржини