Дожд и град предизвикаа штети во Ресен и околината

од Radmila Tasevska
339 прегледи

Силен дожд и град доцна попладнето го зафати градот Ресен и околните населени места во Преспа.

Од Општина Ресен за МИА потврдуваат дека невремето, обилниот дожд, градот и грмотевиците предизвикаа штети кои ќе се евидентираат во текот на утрешниот ден.

Силните грмотевици предизвикаа неколку часовен прекин во снабдувањето со електричната енергија во Отешево и неколку други населени места, а во градот струја немаше еден час. Најголема штета е предизвикана кај јаболката, но и други земјоделски насади, посочија вечерва од тамошната локална самоуправа.

Слични содржини