Студија на американскиот Национален институт за здравство утврди дека мешањето различни вакцини против Ковид-19, кои во моментов се одобрени во САД, е безбедно за возрасни, објави Ројтерс.
На објавата му претходеше извештај на Администрацијата за храна и лекови (ФДА), во кој се наведува дека засилувачката доза на вакцината Модерна создава дополнителни антитела кај луѓето кои примале стандардни две дози најмалку шест месеци порано, пренесува „Вашингтон пост“.
Експертите на ФДА изјавија дека бустер дозата на вакцината Модерна го зголемува нивото на антитела, најлесно мерливиот барометар на човечкиот имунитет.
Сепак, тие нагласија дека корисноста на бустер дозата ќе зависи од факторите кои во овој момент се нејасни – на пример, дали заштитата од првичната вакцинација значително се намалила.