„Дозволете им на ревакцинираните да одат на натпревари и концерти“

од Nikola Popovski
289 прегледи

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, најавил дека градските власти ќе достават барање до Српскиот кризен штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирус, така што на граѓаните кои биле повторно вакцинирани ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите прво, а подоцна и на настаните како што се концерти.

Весиќ оцени лдека на граѓаните кои ги примиле двете дози на вакцина треба да им се овозможи „нормално да живеат“.

„Зошто луѓето кои биле вакцинирани и ја послушале својата земја да ја плаќаат цената за оние кои не сакаат да се вакцинираат“, рекол Весиќ и додал дека ќе побара и вакцинираните лица од други земји да им биде дозволено да влезат во Србија без ПЦР-тест.

Тој додал дека бројот на вакцинирани Белграѓани ќе достигне 400 000 денес и изјавил дека повеќе од 27 проценти од возрасните Белграѓани примиле вакцина, а 15,62 проценти ја примиле втората доза.

Слични содржини