Дојави за бомби и во три основни училишта во Прилеп

од Radmila Tasevska
145 прегледи

Денес по добиени дојави за подметнати експлозивни направи е спроведена евакуација на присутните во прилепските основни училишта „Гоце Делчев“, „Блаже Конески“ и „Добре Јованоски“.

Се очекува пристигнување на единици на МВР за антитероризам за проверка на објектите.

Според Сања Стаматова од СВР-Битола, дојавите за подметнати бомби во трите училишта стигнале на ист начин, преку официјалната електронска адреса на училиштата.

Ова е прв случај на закани со подметнати бомби во училишта во Прилеп.

Според градските власти, директорите на училиштата од претходно имаат добиено упатство како да постапуваат во случаи со закани за подметнати бомби.

Слични содржини