Демократската партија на Албанците соопшти дека внимателно ги следи новите случувања на состојбата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени и во никој случај да не подлегнат на провокации.
ДПА во сопштението бара „Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци и групи со цели и агенди кои не се совпаѓаат со методите со кои Албанците сакаат да ги решат нивните проблеми“.
ДПА, се вели во соопштението, „апелира меѓународниот фактор итно да интервенира во оваа ситуација, со цел да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата“./МИА
