Ситуацијата создадена по поплавите во Тетово и околните села е алармантна, особено поради тоа што ДУИ како структура која ги претставува Aлбанците, е корумпирана и неспособна за да им помогне на погодените жители и подрачја, рече портпаролот на ДПА Луан Треси.
Тој истакна дека покрај дефилирањето и фотографирањето со неволјата на Албанците од овие како што рече корумпирани функционери на ДУИ досега не слушнавме никаков план за справување со ова создадена ситуација.
– Општината и другите владини институции ја играат улогата на невладините организации и бараат придонеси од граѓаните и бизнисмените, на место според нивниот мандат и со буџетските средства да се погрижат за погодените жители – смета Треси.
Тој ја повикува меѓународната заедница да изврши притисок врз владата за таа да почне веднаш сериозно да се занимава со ова тешка ситуација, како и веднаш да направи проценка на предизвиканите штети на куќите и оштетените објекти, да се процени штетата на земјоделското земјиште и културите, како и другите добра на граѓаните што се оштетени или уништени од поплавите.
– Огромната корумпираност на ДУИ која како последица го има не инвестирањето во населените места со Албанци, доведе до ситуација да речното корито на Пена не е прочистено со години, фрлањето на отпад покрај коритото на реката од страна на општинските претпријатија, немањето на инвестиции во инфраструктурата и одводната мрежа, придонесоа ова катастрофа да заземе ваков размер, и многу повеке од природна непогода ова е политичка непогода со име ДУИ – порача Треси.
