ДПА: Оставките на ДУИ се кулминација на хипокризијата

од desk3
110 прегледи

Демократската партија на Албанците (ДПА) смета дека оставките на министрите од ДУИ претставува кулминација на хипокризијата на оваа партија.

download (2)

– Ова е кулминација на хипокризијата од страна на ДУИ. ДУИ и Али Ахмети не даваат никакво образложение зошто сега излегуваат од Влада. Досега Ахмети предавството, корупцијата, организираниот криминал, а сега и неморалноста ни го продаваат како вредност и патриотизам, изјави пратеникот на ДПА Орхан Ибраими во Собранието на РМ.

Пратеникот Хари Локванец од СДСМ, пак, смета дека ДУИ треба да даде одговор зошто постaпија на овој начин.

– Вистинската адреса на едно вакво прашање е ДУИ која треба да даде директен одговор кои се причините за еден ваков нивен потег излегување од техничка влада со единствена задача спроведување на фер и демократски избори, изјави Локвенец./МИА