Деморатската партија на албанците одржаа прес конференција на тема ребаланс на буџетот, но одбија да зборуват на македонски јазик. Подоцна во писмено соопштение корекцијата на државната каса ја оценија како анти албанска.
Единствениот случај кога албанците се дискриминирани повеќе отколку при донесувањето на државниот буџет се случува кога се носи буџетскиот ребаланс, каде што и тие неколку проекти предвидени во буџетот во почетокот на годината се елиминираат преку ребалансот направен среде годината. Ова стана практика на 13-годишното владеење на ДУИ велат од ДПА