Др.Беќаровски: Како ќе расте доминацијата на омикрон така ќе опаѓа бројот на хоспитализации и смртни исходи

од Берта Китинска
383 прегледи

Тоа што во моментов имаме пораст на бројот на хоспитализации е резултат на се уште присутната ДЕЛТА варијанта, пишува на својот Фејсбук профил доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

-Како ќе продолжува да расте доминацијата на ОМИКРОН сојот (во моментов кај нас е околу 2/3 од случаите) така ќе опаѓа и бројот на хоспитализации и смртни исходи. Мажи, спремајте ги паричниците за 8-ми Март, патувањето во Милано пак ќе биде актуелно.P.S. Оптимистите живеат подолго и поквалитетно од песимистите, пишува Беќаровски.

Слични содржини