Матичниот лекар, д-р Ненад Лазаров преку својот Фејсбук уптати неколку препораки со цел да се заштитат граѓаните од ширењето на новиот сој на ковид 19, омикорн.
Ви го пренесуваме статусот во целост:
Омикрон варијантата е еден од најзаразните вируси познати досега во историјата
Се шири АЕРОГЕНО и десетици пати поуспешно од претходните варијанти, особено заради развиената способност да се задржи во воздухот подолго
Најзаштитена категорија се луѓето со 3 дози на вакцина
За тежина на болест е рано да се зборува, најверојатно е полесна слика но проблемот е во тоа што од драстично поголем број на новозаразен повторно ќе генерираат огромен број хоспитализации
Ако го видиме сценариото кое се моментално се случува во Европа и Америка и кај нас, а секако ќе го видиме, нашиот здравствен систем ќе колабира за неколку дена со оглед на тоа дека веќе сме колабирани.
Без редовно секвенционирање и со вакво мизерно несериозно тестирање ние немаме поим што всушност се случува на терен. За ова Филипче вечно ќе сме ти благодарни!
Она што сигурно ќе ни помогне е следното:
Веднаш да се премине на препорака за употреба на минимум N95/ffp2 стандард за цивили наместо оваа циркузијада со хируршки маски, шалови, бандани и др. мандани.
Веднаш да се откажат и забранат секаков вид на масовни собири во затворено
Децата на распуст продолжен и онлајн настава додека не ни стане јасна ситуацијата
Секој невакциниран да се вакцинира вчера, за медицинари треба да биде задолжителна и трета доза!
Од сите нас зависи исходот, особено кога од властите имаме малку или воопшто грижа и помош!, напиша Лазаров.