801
Исклучително ретко требаат инфузии кај ковид пациенти во домашни услови, особено во овој бран кога нема толку стомачни проблеми. Разберете дека се што е преку уста внесено е најсоодветно за организмот, физиолошки раствор е солена вода не магичен лек и не треба да се злоупотребува во комерцијални цели, пишува во својот Фејсбук статус др. Ненад Лазаров.
-Кај оние пациенти кај кои треба секојдневна парентерална терапија треба да бидат во болница, со чесни исклучоци нормално.Нашата улога во домашна посета кај ковид пациенти е со друга клучна функција, а тоа е тријажирање кој е за дома а кој за во болница, да аплицираме ординирана терапија од колеги кои го водат пациентот и слично посочува Лазаров.