Др.Шеклер: Со комбинирање на вакцините ќе се добие поголема имунолошка заштита

од Берта Китинска
336 прегледи

Вирусологот Миланко Шеклер изјави дека комбинацијата на вакцини против ковид 19 ќе обезбеди покомплексна имунолошка заштита.

„Во моментов немаме вакцини од различни видови, сите тие се од ист вид и штитат од појавата на ковид 19 од Вухан така што комбинацијата на овие вакцини, кои се произведуваат на различни начини (Фајзер, Синофарм, АстраЗенека, Спутник В) добија покомплексен имунитет, бидејќи подеднакво ќе се стимулираат неколку делови на имунолошкиот систем “, објасни Шеклер на ТВ Прва.

Тој рече дека комбинациите на вакцини се направени во Велика Британија, Германија и Бахреин и покажале добри резултати.

Говорејќи за слабиот интерес на младите во Србија за вакцинација, тој рече дека „треба да се најде начин“ тие да бидат вакцинирани.

Слични содржини