Драч, пристаниште за дрога, лани запленети над тон а годинава 138 килограми кокаин

од Destan Jonuzi
203 прегледи

Пристаништето Драч стана стратешка точка на криминалните групи за шверц на голема количина кокаин од Латинска Америка кон Албанија, наменета за домашниот пазар или негов транзит во други земји, јави Ора њуз повикувајќи се полициската статистика на заплена на дрога.

Во 2021 година полицијата идентификувала 11 пратки со вкупно 1.077 килограми кокаин, додека годинава полицијата во Драч успеала да открие три пратки со вкупно 138 килограми кокаин во контејнери со егзотично овошје натоварени во Еквадор.

Според полицијата, овие три пратки кои тргнале во различно време ја минале истата рута на движење додека не пристигнале во Драч. Во оваа криминална активност вмешани биле и полициски и царински службеници.

-Од полицијата потврдуваат дека трговците кои шверцуваат кокаин во Албанија претставувајќи се како бизнисмени успеале да подмитат вработени во пристаништето за да ги поминат контејнерите низ скенерот. Само на компанијата за банани „Alba Exotic Fruit“ запленети и се 5 пратки со кокаин. Друга компанија во чија пратка, деновиве беа откриени 33,5 килограми кокаин е „Бана Кинг“ од Тирана по чиј сопственик полицијата сè уште трага, наведува телевизијата.

Во средината на јуни полицијата заплени 50 килограми кокаин во контејнер со пилешко месо нарачка на фирма од Северна Македонија.

Слични содржини