179
Глобалните напори за избегнување на кризата со храна треба да започнат во пристаништата на Украина во Црното Море, а на Киев му требаат гаранции дека нема да бидат нападнати, изјави денеска италијанскиот премиер Марио Драги.
Испораките на жито од Украина, главен извозник, драстично се намалија од почетокот на руската инвазија, што предизвика страв од недостиг на храна во најзагрозените земји.
„Мораме да ги деблокираме милионите тони жито што беа заробени таму поради конфликтот. Напорите за посредување на Обединетите нации и Турција се значајни чекори“, рече Драги во обраќањето до Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД) во Париз.