Драги Стојаноски е нов директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

од Milan1
154 прегледи

Со одлука на Управниот одбор, Агенцијата за цивилно воздухопловство доби нов директор. По оставката на Томислав Тунтев на оваа позиција е назначен Драги Стојаноски.

Како што пишува во неговота биографија тој дипломирал на Технолошкиот факултет во Скопје, а прв контакт со воздухопловство го имал на 18 години кога започнал обука за пилот на параглајдер, а потоа се стекнал со дозволи за пилот на едрилица, дозвола за пилот на Ултралесни авиони со стекнати овластувања за инструктор и испитувач на Ултралесни авиони, како и професионална дозвола за пилот на авиони со овластувања за летања во интрументални услови на повеќемоторни авиони.

Стојаноски во 2007 до 2010 година е воздухопловен инспектор во одделението за летачки операции во Агенцијата за Цивилно воздухопловство. од 2010 до 2019 година покрај раководните позиции во АЦВ, ја извршува и функцијата Претседател на Управниот одбор на АЦВ, а во 2011 година е назначен за Национален координатор за стандардизација и соработка со EASA.

Во период од 2011 до 2015 година е раководител на секторот за воздухопловна сигурност, а веднаш потоа во август 2015тата година е унапреден во раководител на секторот за безбедност на летачки операции и воздухопловна навигација. Во период од 2019тата година до 30 мај ја врши функцијата раководител на секторот за воздушен сообраќај. А од 30 мај годинава е назначен за вршител на должност на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Стојаноски покрај многуте завршени обуки во реномирани светски овластени центри од областа на воздухопловството во 2021 година се стекнал и со Диплома за управување со цивилното воздухопловство во еден од најпрестижните светски академии од областа на цивилното воздухопловство – Сингапурска авијација.

Слични содржини