Австрискиот национален совет во Виена во средата го усвои предлогот на австриската министерка за транспорт, Леонора Гевеслер, според кој новите сообраќајни мерки ќе се применуваат од март 2024 година. Според нејзиниот предлог, полицијата може да ви го одземе возилото две недели доколку возите 60 км/ч повеќе од дозволената брзина на пат или 70 км/ч повеќе од дозволената брзина на автопат.
Ако го повторите прекршокот, полицијата може трајно да ви го одземе возилото. Во тој случај возилото оди на аукција, а 70 отсто од приходите од продажбата одат во фондот за безбедност на патиштата. Останатите 30 отсто одат кај локалните власти, велат од Министерството за транспорт за измените на законот, пишува магазинот „Феникс“.
Доколку ограничувањето на брзината е повеќе од 80 км/ч во населено место или 90 км/ч надвор од населено место, возилото веднаш се одзема и се продава на аукција, без разлика дали станува збор за прв или повторен прекршок.
Целта на овие мерки е да се зголеми безбедноста на патиштата.