Пејачката Јелена Карлеуша одржа концерт во Бањалука, а пред самиот крај на настапот стигна анонимна дојава за бомба.
Како што јавуваат босанските медиуми, пријавата била примена десет минути пред полноќ, по што бил извршен антидиверзантски увид при што било констатирано дека нема опасност.
Карлеуша ја најави последната песна и ја отпеа. Потоа влезе полиција и изврши евакуација“, изјави за „Независне новине“ жител на Бањалука кој бил на концертот.
Полицијата соопшти дека нивни припадници работат на расветлување на оваа лажна пријава и откривање на лицето кое ја поднело.
„Синоќа околу 23 часот и 50 минути непознато лице се јавило во Полициската управа на Бањалука и пријавило дека во тоалет во угостителски објект во населбата Ада во Бањалука била поставена експлозивна направа. Од извршените проверки и прегледот на ПДЗ е утврдено дека се работи за лажна пријава“, соопшти Управата на полицијата на Бањалука.