Драма на лет за Флорида: Авион влетал во силни турбуленции, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Четири лица се повредени на лет од Северна Каролина за Флорида поради „силни турбуленции“, соопштија официјални лица.

Екипажот на летот 227 „Алигиант“, кој тргна од аеродромот во Ешвил, пријавил силни турбуленции додека бил на пат кон аеродромот Сент Пит-Клирвотер, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА).

Во соопштението на Aligiant тие потврдија дека авионот во кој имало 179 патници и шест членови на екипажот наишол на „силни турбуленции“ пред слетувањето и дека при слетувањето лекарите процениле дека на двајца патници и две стјуардеси им е потребна помош.

Летот траел 70 минути, а авионот непосредно пред слетувањето ја намалил висината за 2.500 метри за две минути.

Медицинските екипи на местото на настанот соопштија дека има „неколку повреди на главата и еден можна скршеница на зглоб“.

Слични содржини