1,3K
Вистинска драма се случувала попладнево во скопско Студеничани, откако мигранти преку електронска порака на меил побарале помош од ОЈО, бидејќи биле држани во подрумски простории од страна на криминална група со закани со оружје.
Од полицијата веднаш е реагирано и испратени се екипи од ЕИП при СВР Скопје и САЕ Тигар од ОСПО. Направен е преглед на двата посочени објекти и при преглед на вториот објект во подрумот на куќата се пронајдени 6 мигранти, а се приведени седум македонски државјани кои во моментот биле во објектот, за кои дополнително ќе се врши проверка за нивната инволвираност во криминалните активности.
Од страна на службите се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.