Драма во Германија: Лекари извлекле брачен пар од воз, се стравува дека се заразени со смртоносен вирус

Студент по медицина и неговата девојка пристигнале истиот ден од Африка каде наводно лекувале мажи од вирусот „Марбург“

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Дел од железничката станица во Хамбург беше опколен во средата попладне откако со воз од Франкфурт пристигна брачен пар за кој се стравуваше дека е заразен со многу опасен и смртоносен вирус.

Полицијата ја опколи платформата, а лекарите со полна опрема се качија на возот и го префрлија младиот пар во болница. Останатите патници се евакуирани.

Мажот, наводно студент по медицина, немал температура, но неговата девојка почнала да повраќа во возот. Германскиот портал Моргенпост пишува дека двојката во средата наутро директно од Руанда пристигнала со авион.

Портпаролот на противпожарната служба изјави за таблоидот „Билд“ дека 26-годишниот и неговата девојка развиле симптоми слични на грип за време на патувањето. Тој исто така рече дека лекувале маж во Африка за кој подоцна било потврдено дека е заразен со вирусот „Марбург“. Студентот и неговата девојка биле пренесени во Универзитетската болница Епендорф, специјализирана за тропски болести. Нивниот багаж бил одземен.

Руанда моментално се бори со појава на вирусот „Марбург“, кој досега однесе осум животи, пишува Би-Би-Си.

„Марбург“ вирусот се пренесува преку изложување на овошни лилјаци, но може да се пренесе и од човек на човек преку телесни течности, крв и незаштитен секс.

Слични содржини