ДРАМА ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН: Нападнат израелски товарен брод

од Vladimir Zorba

Израелски товарен брод, наводно, бил нападнат денес северно од Индискиот океан, пренесува либанската телевизија „Мајадин“.

Иранскиот новинар Бабак Тагве објави на својот профил на Твитер, повикувајќи се на сигурни извори, дека израелски товарен брод бил нападнат од Револуционерната гарда додека пловел од Џеда во Саудиска Арабија кон Обединетите Арапски Емирати.

Информацијата сè уште не е потврдена, пренесе Ројтерс. Израелските воени претставници ја проверуваат информацијата за нападот врз израелскиот товарен брод од страна на иранските сили, објави израелската телевизија Н12.

Екипажот не е повреден и бродот не е значително оштетен, пренесува Н12, повикувајќи се на неименувани извори во израелското Министерство за одбрана.

Трговскиот брод се наоѓал на релација од саудиското пристаниште Џеда до Обединетите Арапски Емирати, пренесе Ројтерс.

Потсетуваме, минатиот месец, израелската флота на сличен начин нападна ирански брод.

Слични содржини